Tрилер во Кјелце: Екгберг во последната секунда донесе реми за Кил

Полскиот Кјелце и Кил одиграа неверојатен трилер натпревар кој на крајот заврши без победник 36-36 во дерби дуелот од 10. рунда во Лигата на шампионите. Еден израмнет натпревар во текот на сите 60 минути, кој на крајот се решаваше буквално во последната секунда. Прво поранешниот „вардарец“ Игор Карачиќ на осум секунди до крајот донесе водство за домаќините од 36-35, но по брзиот центар Германците со голот на Екберг во последната сезона успеаја да израмнат 36-36.

Токму Никлас Едберг заедно со Ерик Јохансон со по седум гола беа најпрецизни кај гостите, додека кај домаќините со истиот број погодоци завршија Алекс Дујшебаев и Никола Турна.

Во вториот меч од вечерашната програма од терминот од 20.45 часот Монпелје на домашен терен го прегази словенечкиот Целје со убедливи 32-21. Валентин Порт со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Митја Јанц постигна четири.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...