Трилер-завршница во Манчестер: Сити е старо-нов шампион во Англија, „пирова“ победа за Ливерпул (ВИДЕО)

Вистинска трилер-завршница донесе последното коло во англиската Премиерлига. Манчестер Сити преку пресврт дојде до победа од 3-2, за нова осма по ред титула во Англија.

„Граѓаните“ пред денешниот натпревар против Астон Вила имаа 90 бода, еден повеќе од Ливерпул кој го пречека Вулверхемптон. Ваквиот заплет на табелата го принуди Сити да се мачи против Астон Вила во првото полувреме. „Граѓаните“ играа постојано во грч, нешто повлечена, за нив не типична игра, а ваквата неодлучност ја казни Мети Кеш за водство на гостите, приредувајќи „ладен туш“ на „Етихад“ во 37. минута.

Второто полувреме донесе уште еден шок за навивачите на „Етихад“. Филипе Кутињо во 69. минута донесе ново водство за гостите. Во овие моменти сите очи беа вперени на „Енфилд“, момент во кој Ливерпул имаше само реми против „волците“.

Сепак, историскиот пресврт се случи за неполни шест минути, Илкај Гундоган во 76. минута намали на 1-2, а веќе во 79. минута Родри постигна гол за 2-2. Херој за Сити оваа сезона е Илкај Гундоган, кој со својот втор гол во 81. минута предизвика ерупција на трибините, донесувајќи нова титула за својот тим.

„Црвените“ запишаа победа над Волвс од 3-1, не се радуваа на можното чудо кое за момент беше реалност. Фудбалерите на Јирген Клоп доживеа вистински шок на „Енфилд“ уште на почетокот на мечот против Вулверхемптон, гостите по само три минути игра преку Педро Нето дојдоа до водство од 0-1. Садио Мане ги врати надежите на „црвените“, откако во 24. минута одлично се отвори во шеснаесетникот на гостите и ја затресе мрежата на „волците“ за 1-1, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Ливерпул ја имаше целосната доминација на теренот, постојано креираше акции и ја држеше топката под своја контрола. Ваквиот пристап кон играта го награди повратникот Мохамед Салах, кој влезе во второто полувреме и постигна гол за водство на Ливерпул во 81. минута. Пировата победа на „црвените“ ја запечати Ендрју Робертсон во 89. минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...