Тринкиери го „прибра“ Волден во Баерн Минхен

Кори Волден минатата сезона изврши „предавство“ заминувајќи од Партизан во Црвена Звезда, за една година подоцна тој да ги напушти и белградските „црвено-бели“. Шампионот на АБА-лигата попладнево објави дека спогодбено го раскинува договорот со американскиот плејмејкер, кој беше валиден до јуни 2022 година, за што „црвено-белите“ ќе добијат отштета од неговиот нов клуб.

Станува збор за Баерн Минхен, четвртфиналистот од последното издание на Евролигата на чија клупа седи Андреа Тринкиери. Волден токму поради италијанскиот стручњак го избра Баерн за своја следна дестинација во кариерата, тие имаа беспрекорна соработка додека Тринкиери седеше на клупата на Партизан, што беше причина Италијанецот да го побара овој играч и во Баерн Минхен.

Претходно, таборот на Црвена Звезда го напушти и Џордан Лојд, кој се пресели во Зенит. Досега „црвено-белите“ како нови засилувања ги доведоа Никола Ивановиќ и Лука Митровиќ од Будуќност, Арон Вајт од Панатинаикос и Стефан Лазаревиќ од ФМП.

Се вчитува...