Тринкиери потпиша за Баерн: Доаѓам во клуб кој секогаш бара успех

Андреа Тринкиери од денеска и официјално е нов тренер на Баерн Минхен, потпишувајќи договор со баварскиот гигант. Италијанскиот стратег реши да си замине од Партизан за повторно да води тим во Евролигата, прифаќајќи ја понудата на спортскиот директор на Баерн, Даниеле Баези. Тринкиери и Баези претходно имаа успешна соработка во Брозе Баскет, што беше и клучен фактор за Италијанецот од неколкуте понуди на маса да ја прифати токму онаа на баварскиот клуб.

„Среќен сум и горд што станувам дел од Баерн Минхен, еден од најголемите спортски клубови во светот, кој поради големината секогаш бара успех на секое ниво. Не сакам да давам големи ветувања и да бидам како некои што многу ветуваат, а малку остваруваат. Можам да ветам дека ќе бидеме екстремно посветени на напорна работа, ова е совршен предизвик“, истакна Тринкиери.

Тринкиери лани со голем успех го водеше Партизан, но летово сепак реши да го напушти кормилото на белградските „црно-бели“ и да се врати во Германија, каде неколку години со успех беше шеф на стручниот штаб на Брозе Баскет.

Се вчитува...