Трипие е првото засилување на Њукасл: Сите знаат колку добри навивачи имаат „црно-белите“

Киран Трипие од денеска и официјално е првото засилување во „новата ера“ на Њукасл откако премиерлигашот од „Сент Џејмс Парк“ го официјализираше трансферот на десниот бек на Атлетико Мадрид и на англиската репрезентација.

Њукасл плати 12 милиони евра за да го врати поранешниот бек на Тотенхем во Премиер-лигата, по што Трипие потпиша договор на две и пол сезони со „црно-белите“.

„Пресреќен сум што сум овде. Сите многу добро знаат колку добри навивачи има Њукасл, колкава страст имаат кон својот клуб, ќе дадам се за да им донесам што повеќе радости“, изјави Трипие по потписот на договорот.

Се очекува „црно-белите“ сега да се насочат кон ангажман на нов голгетер, а на врвот на листата со желби се наоѓа доскорешниот капитен на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, кој се наоѓа на излезна врата од таборот на „топчиите“.

Се вчитува...