Трипл-даблот на Јокиќ недоволен за победа на Денвер, Далас без Дончиќ загуби од Лејкерс

Денвер го забележа 14. пораз во сезоната откако на домашен терен беше поразен со 107-124 од Минесота. Српскиот интернационалец Никола Јокиќ одигра одличен меч завршувајќи го со трипл-дабл учинок од 27 поени, 11 асистенции и 10 скока, но истото не беше доволно за надминување на учиноците на Едвардс и Таунс кои забележаа 38 поени и 5 скока, односно 32 поени, 4 асистенции и 4 скока.

Пораз по продолжение претрпе и Далас кој загуби од ЛА Лејкерс со 104-107. Во отсуство на Словнецот Лука Дончиќ прво име во редовите на тексашкиот тим беше Брансон со 25 поени и 9 асистенции. Него го следеше Летонецот Порзингис со дабл-дабл од 23 поени и 12 скока, а најрасположен кај гостите беше Леброн Џејмс со 24 поени и 5 асистенции. 23 поени, 10 скока и 9 асистенции запиша Расел Вестбрук.

Во останатите натпревари Кливленд славеше со 124-89 над Хјустон, Атланта со 99-111 против Орландо, Мајами со 96-101 над Филделфија, Милвоки го одбрани домашниот терен од Индијана славејќи со 114-99, Њу Орлеанс славеше на гостувањето кај Оклахома со 110-113, Шарлот со 115-131 против Сан Антонио, а до гостинска победа стигна и Мемфис кој го доби Портланд со 103-113. Домашниот терен го одбранија Сакраменто кој го доби Вашингтон со 119-105 и Јута која славеше над Клиперс со 124-103.

Се вчитува...