Триумф на Болт на 100 метри во прошталниот настап во Острава

Усаин Болт победи во трката на 100 метри на атлетскиот митинг во Острава,Чешка. Олимпискиот шампион и светски рекордер, трката ја заврши со време од 10,06 секунди.

Болт имаме малку поспор старт, но во финишот успеа да го надополни заостанувањето и низ целта мина прв пред Кубанецот Јунир Перес кој постигна резултат од 10,09 секунди и третопласираниот Жак Али Харви од Турција со време од 10,26 секунди.

На трката во Острава, Болт не успеа да го поправи својот најдобар резултат сезонава од 10.03 секунди, што го истрча на 11 јуни на Јамајка. На најбрзиот атлетичар во светот ова му беше деветти и воедно последен настап на омилениот турнир во Острава.

Актуелниот светски и олимписки шампион се подготвува за настапот на Светското првенство во Лондон на кое ќе ја брани титулата и најверојатно ќе стави крај на натпреварувачката кариера. Болт деновиве најави дека можеби во Лондон нема да биде неговата последна трка, но дефинитивно ова ќе му биде последно СП и последна сезона во кариерата.

Проштален настап на чешкиот турнир со победа имаше и специјалистот за долги  и средни патеки, Мо Фарах. Сомалиецот со британски пасош победи во трката на 10.000 метри со личен рекорд сезонава од 27:12.09 минути.

Се вчитува...