Триумф на Данска, Германците се подалеку од одбрана на титулата

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Данска славеше победа против Германија со 26-25  , втора во главната фаза од ЕП во Хрватска, по триумфот против Словенија во првиот круг. Со новите два бода, Данците се на чекор до полуфинале, а Германија е се подалеку од одбрана на европската титула

Данците сигурно го отворија натпреварот и имаа почетно водство од 2-0. Добропоставената одбрана на Данска и Никлас Ландин на голот ен им оставија многу простор на Германците да дојдат до реализација. Актуелните европски шампиони во првите девет минути беа без погодок. Конечно, лошата серија на Германците ја прекина капитенот Убе Генсхајмер постигнувајќи го првиот гол од контра, а веднаш потоа и Јулиус Кун го иоскористи невниманието на Данците и изедначи на 2-2.

Изедначено беше и во наредните десетина минути. Иако Данците ја имаа иницијативата и функционираа многу посигурно и во нападот и во одбраната, Андреас Волф на голот на Германија не им дозволи да се одлепат и да направат поголема предност од еден гол. Данците на двапати пропуштија шанса да погодат на празниот гол на Германците и да ја зголемат разлика. А, Германија такви грешки не простува. Руне Дамке погоди за изнедачување, а веднаш потоа Штефан Вајнхолд и донесе прво водсѕтво на Германија од 7-6 на пет минути пред крај на првиот дел.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен се обиде да направи предност со седум играчќи во напад, но тоа не му го донесе посакуваниот резултат и Германија го заврши полувремето со гол предност (9-8).

Изедначено, гол за гол се играше и во првите осум минути од второто полувреме, но во овој дел Германците диктираа темпо и повторно дојдоа  на +2 со погодокот на Кун за 15-13. на стартот од последната четвртина одново двете екипи беа во егал (16-16), а во главна улога на теренот беа голманите – Волф на едната и Ландин на другата страна.

Данците поведоа со погодоко на Тофт Олсен со 17-18, но веднаш потоа остаанаа со играч помалку по исклучувањето на  Менсах Ларсен. Сепак успеаја да ја задржат предноста и да зголемат на 18-20 на девет минути пред крај. Погодокот на Мортенсен на прзаниот гол на Германија, на Данцитд прв пат им донесе три гола предност (20-23). Руне Дамке го имаше потегот на мечот кога на две минути пред крај успеа да го одбрани ударот на Данците на празниопт гол на Германија. Но, Германците сепак не успеаја да направат пресврт и на крај останаа покуси за еден гол.

Хнас Линдберг постигна девет гола, а Никлас Ландин заврши со девет одбрани на голот на Данска. Кај Германија, најефикасен беше Јулиус Кун со шест погодоци, а Андреас Волф имаше 12 одбрани.

Се вчитува...