Триумф на Сити и преземање на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер сити е нов лидер во Премиерлигата, откако славеше во 19. коло против Астон Вила со 2-0.

„Граѓаните“ победата си ја обезбедија со два погодоци во последниот период од играта. Најпрво Силва во 79. минута донесе водство од 1-0.

 

А, потоа Гундоган од пенал во 89. минута ги постави конечните 2-0.

Сега, Манчестер сити со 38 бода се израмни на врвот со Лестер, со подобра гол-разлика, и еден натпревар помалку.

Се вчитува...