Трката по Мурињо: Руската јахта го потопи бродот на Ливерпул

Не е тајна дека кога Жозе Мурињо со голем успех го водеше Порто, сериозен интерес за овој врвен стратег покажуваше и Ливерпул. „Црвените“ неодамна истакнаа дека договор со Португалецот не бил постигнат поради неговиот незгоден темперамент, но последните информации тврдат дека Ливерпул не сака да го признае поразот од Челси, бидејќи „црвените“ имале целосен договор со Мурињо пред тој да се сретне лично со Роман Абрамович.

Oвие случувања од 2004 година се наведени во најновата книга за португалскиот стратег: „Mourinho: Behind the Special One, from the origin to the glory“.

„Тој требаше да заврши во Ливерпул. Челниците на клубот дојдоа по него во Португалија и постигнаа договор. Бараа само 15 дена, бидејќи Жерар Улие се уште беше менаџер, да му биде соопштено дека ќе си замине и кој ќе дојде на негово место. Мурињо и неговиот агент Мендеш не сакаа да чекаат, па ја искористија понудата на Ливерпул за да добијат уште подобри услови од Челси. На крајот се сретнаа на руската јахта со Роман Абрамович, таму беше постигнат конечниот договор“, се вели во книгата напишана од францускиот новинар Николас Вилас.

Се останато е добро познато, Мурињо освои бројни трофеи со Челси, потоа и со Интер и Реал Мадрид, додека Ливерпул како втора опција го избра Рафаел Бенитез, под чие водство стигна до една титула во Лигата на шампионите и една во ФА Купот на Англија.

Се вчитува...