Трки во Австрија може да има, Формула 1 утре ќе го објави распоредот за 2020

Порано од очекувањата, Формула 1 доби дозвола за две трки во Австрија. Формализацијата на одлуката треба да дојде од владата на државата, по претходна дозвола од здравствениот директорат на Штаерска, но извесно е дека Ф1 трки на почетокот на јули ќе има на „Редл Бул Ринг“. Она што е сега клучно е планот кој треба да го објави Формула 1 за сезоната 2020. Најавите се дека тоа ќе биде направено утре.

Според дел од она што засега е познато, по трките во Австрија на кои дури веројатно ќе има и можност за публика, би можело да има и едно натпреварување во Унгарија, а потоа следуваат и натаму неизвесните две трки во Велика Британија. Договорот со „Силверстоун“ е таму да има две натпреварувања, но ситуацијата ја компликува обврзниот двонеделен карантин што државата го воведува за странците.

Формула 1 трките ќе се одржуваат по специфични протоколи. Тимовите во Австрија ќе пристигнуваат со чартер летови до воена база во близнина на Шпилберг, ќе бидат сместени во различни хотели, а сите челнови на тимот треба да имаат негативен тест на коронавирусот за да влезат во државата, а тестовите ќе бидат повторувани и во Австрија на неколку дена.

 

 

Се вчитува...