Трофејот носи напредок: Калин Ивановски со голем скок на најновата АТП-листа

Одличната форма на Калин Ивановски и добрите резултати што македонскиот тенисер ги остварува на турнирите на кои учествуваат му носат и напредок на АТП-листата.

Така, Ивановски по вчерашниот триумф на ИТФ-турнирот во Мадрид си обезбеди и скок од 17 позиции на најновото АТП-рангирање што беше објавено денеска. На него, Калин се наоѓа на 610. место на АТП-листата, со можност наскоро уште повеќе да се приближи до Топ 500 рангирањето.

На чело на најновата АТП-листа останува Карлос Алкараз, пред Рафаел Надал, Каспер Руд и Стефанос Циципас. Ѓоковиќ се уште е петторангиран светски тенисер, а во Топ 10 има место уште и за Оже – Алијасим, Медведев, Рубљов, Фриц и за Хуркаш.

Се вчитува...