Трогателно: На „Енфилд“ се пееше „You’ll never walk alone“ во чест на Кристијано Роналдо (видео)

Ливерпул и Манчестер Јунајтед можеби се најомразени ривали на теренот, но фановите на „црвените“ покажаа огромна солидарност на почетокот на вечерашното дерби, искажувајќи му гласна поддршка на Кристијано Роналдо по големата семејна трагедија и смртта на новородениот син на асот на „ѓаволите“.

Како што беше најавено, во седмата минута од дербито сите навивачи застанаа на нозе и почнаа со громогласен аплауз за Португалецот, проследено со песната „You’ll never walk alone“, навивачката химна на Ливерпул која вечерва имаше симболично значење во знак на поддршка кон Кристијано.

Се вчитува...