Тројката Меси, Гризман и Суарез лесно го реши Еибар… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона лесно стигнаа до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Еибар во 9. коло од шпанската Ла Лига.

Победата на каталонскиот тим ја најави Гризман со голот уште во 13. минута, а потоа погодија уште и Меси во 58. минута и Суарез во 65. минута.



Барселона на тој начин се врати на челната позиција на табелата со 19 бода, со еден бод повеќе од Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...