Тројката на Дарко Соколов за победа на Еуро Никел на „Кале“ (ВИДЕО)

Еуро Никел стигна до четвртата победа во сезоната откако на отварањето на 6. коло славеше на гостувањето кај Феникс 2010 со 78-83. Кавадарчани беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, имаа и двоцифрена предност на три и пол минути до крајот, но откако Феникс 2010 успеа целосено да се врати во игра до победата стигнаа во самата завршница.

Херојот на „сино-белите“ беше Дарко Соколов кој на 22. секунди пред крајот погоди за три поени. Бакингхам не успеа да донесе ново изедначување, а мирната рака на Планиниќ ја потврди победата.

Се вчитува...