Тројната титула на пат: Манчестер Сити го освои ФА Купот! (ВИДЕО)

После титулата во Премиерлигата, Манчестер Сити со победа над Манчестер Јунајтед во денешното финале, го освои вториот од трите трофеи сезоната – ФА Купот.

Херој на тимот на Сити е Илкај Гундоган кој постигна два гола во победата од 2-1 во финалниот меч. Со тоа Германецот стана рекордер со најбрзиот гол во ФА Купот, откако погоди во 12 секунда од натпреварот.

Израмнување донесе Бруно Фернандеш во 33. минута со гол од сомнителен пенал. Во 51. минута Гундоган повторно ја искористи заспаноста во одбраната и го совлада и невнимателниот Де Геа за конечен триумф.

Во финишот Јунајтед имаше шанси да дојде до израмнување и да дојде до продолженија, но не успеа во тоа со што Сити го крена трофејот.

Се вчитува...