Тројниот победник на „Тур д’ Франс“ настрада на тренинг

Крис Фром (31), тројниот победник на најголемата велосипедска трка „Тур д’ Франс“ и бронзен олимпиец од Рио, доживеал непријатна средба со несовесен возач за време на утринскиот тренинг на југот на Франција. Непознатиот возач со автомобилот намерно го турнал Фром од велосипедот и воопшто не застанал.

Британскиот возач за среќа излегол неповреден од инцидентот, но неговиот велосипед е уништен.

„Штотуку ме турна од велосипедот еден нетрпелив возач што ме следеше! За среќа, добро сум , но велосипедот е потполно уништен. Возачот продолжи! – напиша Фром на својот профил на Твитер покрај фотографијата од уништениот велосипед.

kris from

Пред дваесетина дена поранешниот шампион на „Џиро д’Италија“, Микеле Скарпони, погина за време на тренингот кога на него налета возач со комбе.

Се вчитува...