Тројца играчи на Реал Сосиедад во тимот на колото во Лига Европа

Шпанскиот тим Реал Сосиедад, кој синоќа му го нанесе најубедливиот пораз во историјата на Лига Европа на македонскиот првак Вардар (0-6), има тројца свои претставници во тимот на колото во ова европско натпреварување. Неверојатниот напаѓач, четирикратниот стрелец Вилијан Жозе, го предводи нападот на најдобриот тим од Лигата на Европа, а во составот се вброени уште и капитенот Чаби Прието, како и левиот бек Де ла Бела, кој беше стрелец на последниот шести погодок за баскискиот тим.

Двајца фудбалери во најдобриот избор доаѓаат од Астана, Кабананга и Шомко, а по еден претставник имаат АЕК Атина, Скендербег, Лудогорец, Лацио, Аталанта и Зенит.

tim na kolo liga evropa

Се вчитува...