Тројца позитивни на коронавирусот во Лил

Француските клубови ги почнаа подготовките за новата сезона, а ПСЖ и Лион ја очекуваат и завршницата во европските натпреварувања. Проблеми се појавија во редовите на Лил. Има тројца позитивни фудбалери на коронавирусот, го потврди тоа и тренерот Кристоф Галтие. Се работи за Џонатан Бамба, Иконе и Ренато Санчес.

„Во моментот се дома, во изолација. Се надеваме дека брзо ќе се вратат во тимот. Лекарите го следат нивното здравје секојдневно. После првата фаза имавме пауза од осум дена и фудбалерите се имаат заразено токму тогаш. Но, добро се чувствуваат и ги чекаат наредните тестови“, изјави тренерот на Лил.

Португалецот Ренато Санчес се наоѓа во татковината и ќе му бидат потребни два негативни теста за враќање во Франција, додека Иконе и Бамба би можеле многу побрзо да му се приклучат на тимот.

 

Се вчитува...