Ц. Звезда ита кон титула: Иваниќ го реши Партизан во 164. вечно дерби (ВИДЕО)

Црвена Звезда славеше со 1-0 против Партизан во 164. вечно дерби во Србија, по што веќе се поизвесно чекори кон нова титула во шампионатот на северниот сосед.

Во крајно израмнет натпревар во кој Партизан беше подобар во првиот дел со неколку неискористени 100% шанси за погодок, и една погодена греда, на крај во вториот дел „црно-белите“ беа казнети со голот на Иваниќ во 58. минута за конечна победа на „црвено-белите“.

 

Во 88. минута Сума имаше извонредна шанса за израмнување, но Борјан ја одбрани Црвена Звезда. Ова е 65. победа за Црвена Звезда во пресметките со Партизан кој остана на досега 47 победи против најголемиот ривал.

Во последните 16 меѓусебни натпревари ова е само трета победа за Црвена Звезда, која сега со 86 бода на врвот е со огромни 12 бода предност пред Партизан, на осум кола до крајот на првенството.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...