„Цел свет е против Мегваер, такво нешто не сум видел“

Соиграчот на Хари Мегваер во Англија и во Манчестер Јунајтед, Лук Шо даде поддршка за својот соиграч после критиките. Централниот дефанзивец беше виновен за два од трите гола во синоќешното реми на Вембли.

Шо збореше во „суперлативи“ за својот соиграч, велејќи дека не ги заслужува критиките од јавноста.

„Ќе бидам искрен дека периодот е тежок за Мегваер. Хари е извонреден фудбалер и одлична личност. Добива многу критики, веројатно повеќе отколку што сум видел во фудбалот. Никогаш не се крие, и секогаш е достапен. Добро се носи со критиките, но мислам дека не ги заслужува“, вели Шо. 

„Има луѓе кои се обидуваат да останат надвор од центарот на вниманието, но Хари се обидува да биде во центарот на вниманието и да ја покаже силата и карактерот. Моментално му недостасува самодоверба, бидејќи се добива впечаток дека целиот свет е против него. На Хари му е тешко, но ние сме позади него и ја има поддршката“, рече играчот на Јунајтед. 

Се вчитува...