Цел свет фаќа сеир на новиот дрес на Јунајтед – Дури ни Бекам не може да помогне (ФОТО)

Манчестер Јунајтед ја претстави третата гарнитура на дресови за новата сезона која веднаш предизвика бура на реакции кај фановите поради новиот изглед. Имено новите дресови на „црвените-ѓаволи“ се во бело-црни риги што веднаш привлече лавина реакции на социјалните мрежи.

Дел од коментарите се „Па вие луѓе имате пешачки премин на дресовите“. Во промоцијата на дресот не помогна ниту тоа што дел од промоцијата беше и Дејвид Бекам.

 

Се вчитува...