Цел тим на Херта во карантин, откажани три средби

Коронавирусот повторно создава проблеми во фудбалска Германија, откако по неколкуте одложени средби во втората лига дојде ред на откажување и во елитното германско фудбалско друштво. Херта Берлин е клубот кој се соочува со криза поради коронавирусот, откако на сите фудбалери им беа издадени решенија за 14-дневен карантин, поради што берлинскиот бундеслигаш нема да може да ги одигра следните три средби во предвидените термини.

Првиот тренер Пал Дардаи беше позитивен на вчерашните тестирања заедно со помошникот Амир Хамзагиќ и напаѓачот Доди Лукебакио. Првичниот план беше директорот на клубот, Арне Фридрих, да го води тимот во следните десетина дена, но откако утрово се појави нов случај со позитивниот тест на Марвин Платенхарт берлинските здравствени власти решија во карантин да замине целата екипа.

Мечот против Мајнц уште вчера беше одложен, но по најновиот развој на настаните Херта нема да може да настапи на уште два меча, против Фрајбург и Херта. Термините на овие натпревари ќе бидат дополнително утврдени.

Се вчитува...