Цела Македонија на трка во Гевгелија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија го заживува спортскиот југ на Македонија со новата спортска манифестација „Ноемвриска трка“ која за првпат се организира во земјава низ улиците на најјужниот македонски град, а со интенција да прерасне во препознатлива знак на градот.

Низ одлична организација мина денеска првата „Ноемвриска трка 2021“ со учество на околу 600 атлетичари и рекреативци од Македонија и Балканот на двете трки, на 5 километри и на 10 километри.

Трката на 10 километри беше и за Државното првенство на Македонија на оваа дистанца на која победите ги однесоа членовите на АК Делта од Скопје и најдобрите македонски долгопругаши, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсева.

 

Се вчитува...