Цело ЕВРО 2021 ќе се игра во една земја, УЕФА има свој фаворит

УЕФА сериозно ја разгледува можноста претстојниот европски шампионат да се одржи во една држава наместо првичниот план, средбите од ЕВРО 2021 да се играат во 12 различни градови ширум Европа.

Францускиот весник „Паризиен“ повикувајќи се на извори од европската куќа на фудбалот тврди дека Чеферин и соработниците стравуваат од масовна зараза која може да го наруши и интегритетот на натпреварувањето, доколку дојде до зараза меѓу фудбалерите за време на шампионатот.

Ризикот би можел да се намали само со лимитирање на движењето, за што неопходно ќе биде да се намали бројот на земји – организатори. Одлуката се очекува до крајот на годинава, а доколку дојде до промена главен фаворит ќе биде Русија. Станува збор за земја што пред две години успешно го организираше последниот Мундијал, па поседува капацитети за без проблеми за неколку месеци да го организира овој голем настан.

Се вчитува...