Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета е отпуштен од болница три дена откако претрпе потрес на мозокот во дуел со фудбалер на Саумтептон, потврди лондонскиот клуб. Шпанецот ненамерно беше удрен со нога во глава во текот на второто полувреме и мораше да биде изнесен од теренот на носилки.
Азпиликуета денеска го проследи тренингот на Челси, а дали ќе настапи на престојниот натпревар против Тотенхем зависи од протоколите на фудбалската федерација на Англија и Премиерлигата.
Following a concussion injury sustained during Saturday’s game against Southampton, César Azpilicueta has been discharged from hospital and is recovering well at Cobham.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА