Цикарски потпиша со Ботев Пловдив (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец Мите Цикарски својата кариера ја продолжува во бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

27-годишниот левокрилен дефанзивец потпиша двегодишен договор со бугарскиот тим.

Претходно во својата кариера, Цикарски има настапувано за домашните Вардар, Работнички и Академија Пандев, како и за романски Газ Метан, грчка Јанина, кипарскиот Етникос како и за младинските категории на белградски Партизан.

 

Се вчитува...