Лука Циндриќ во подкаст за „Балкан-хендбол“ одговори на обвинувањата на Лино Червар дека токму тој е еден од главните виновници за слабиот настап на Хрватска на Светското првенство во Египет.
Тој вели дека не сака да се расправа преку медиуми, дека го почитува Лино Червар, но дека треба да ја раскаже целата приказна околу неговиот престој во Металург и преминот од тимот од Автокоманда во Вардар.
„Благодарен сум му бидејќи тој направи да дојдам во Металург и да го почувствувам тој ракомет, но ги чекав моите пет минути. Лино не спомена дека поради него и Металург пола година не играв и дека бев на суд. Беше прашање дали ќе ја продолжам кариерата. Најтежок период ми беше тоа што пола година бев на суд со Металург, бидејќи не сакаа да ми дадат исписница. Беше многу лоша атмосфера, клубот се распаѓаше, немаше плата четири месеци, а потоа пола година бев без клуб. Тоа беше стресен период во мојот живот. Клубот ми остана должен, но не беше тоа најлошото туку тоа што сите добија исписница, само мене не сакаа да ме пуштат. Цела полусезона не играв и чекав судот да пресуди во моја корсит.Да ме пуштеа одма ќе играв во Загреб, а јас се вратив дома во Огулин и тренирав со Карловац. Тоа беше најтешкиот период во мојата кариера. Не земав плата шест месеци, а во договорот добро стоеше дека доколку нема плата два месеци можам да заминам. Не ми беше јасно која беше причината што така се однесуваа кон мене“, вели Циндриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА