Цирбес ја напушта Црвена Звезда

Германскиот кошаркар Мајк Цирбес ја напушта Црвена Звезда и ќе потпише за кинескиот Гуанџи Вејжуанг. Откако, летово се врати во редовите на српскиот шампион, Цирбес ја оствари целта враќање на трофејот во АБА лигата во витрините на „црвено-белите“.

Меѓутоа Германецот не ги оправда очекувањата на тренерот и управата на Звезда, па откако Милан Томиќ го изостави од списокот на кошаркари на кои ќе смета во суперлигата на Србија, тој одлучи да го напушти клубот. Сезонава во АБА просечно по натпревар бележеше по 7,7 поени, надополнети со четири скока.

Во кариерата Цирбес покрај за Црвена Звезда, настапуваше и за Триер, Бросе Бамберг, Макаби и Баерн Минхен.

Се вчитува...