Циркус во Шпанија – Барса ќе се жали на казната од 300 евра

Шпанската Фудбалска Федерација направи пародија од тужбата на Атлетико Мадрид против Барселона откако го казни каталонскиот гигант со само 300 евра за нелегални преговори со Антоан Гризман. Мадридскиот клуб поднесе и докази за преговорите на големиот ривал со тогашниот голгетер на Атлетико, но Барса мина самоо со смешна парична казна.

А за циркусот да биде уште поголем, каталонскиот гигант сега подготвува жалба на ваквата одлука.

Челниците на Барселона сметаат дека не ги прекршиле правилата и затоа немаат намера да ја платат казната. Наместо тоа, ќе поднесат жалба, бидејќи не станува збор за висината на сума, туку за принцип“ – информира новинарот Марсело Бекер повикувајќи се на извори блиски до претседателот Бартомеу.

Се вчитува...