Дани Карвахал по 13 години го напушти Реал Мадрид, пред неколку дена беше најавено дека десниот бек кариерата ќе ја продолжи во Хетафе, но последните информации говорат дека трансферот ќе пропадне поради правилата на Ла Лига за одредување на лимитот на плати.
Проблемот е чуден бидејќи не станува збор за превисоки барања на фудбалерот, туку напротив, шпанската Ла Лига не дозволува играчите да настапуваат за значително помали примања од оние што ги заслужуваат спрема реномето и вредноста на пазарот.
Јасно е дека Карвахал сака што поскоро да најде тим и затоа се согласи на минимална плата во Хетафе, но челниците на Ла Лига се децидни дека правилата се исти за сите, и му наложиле на мадридскиот клуб да издвои неколку пати повисока сума од договорената ако сака да го регистрира трансферот.
Очекувано, од Хетафе ја одбиле оваа варијанта и трансферот на легендарниот десен бек на Реал сега важи за пропаднат.
Ла Лига со ова правило прави се за да ги спречи клубовите да пријавуват неереално мали договори за да ги минираат строгите правила за буџет во шпанскиот фудбал. Сличен проблем имаше и Барселона во 2023 година со Жоао Феликс, каталонците сакаа да пријават плата за потпишан договор од 800.000 евра годишно, но по реакцијата на Ла Лига неговиот договор мораше да биде на осум милиони евра за да може да биде регистриран и да игра за Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
