Циркуз во Тексас – Во Далас имаа проблеми со обрачот, не успеа да го поправи ниту Марјановиќ (ВИДЕО)

Далас славеше над Филаделфија со 107-98 минатата ноќ во НБА лигата. Покрај феноменалната партија на Лука Дончиќ кој го забележа 44. трипл-дабл во кариерата мечот го одбележа и прекинот од 43 минути поради проблеми со обрачот.

Уште на самиот старт откако Словенецот погоди една тројка веднаш им сигнализираше на судиите дека нешто не е во ред со обрачот. Буквално се пробаа кошаркарите, а на помош дојде и Бобан Марјановиќ кој беше главен актер во целата приказна. Србинот се обиде сам да го исправи, но тоа не му појде од рака.

Сепак, и тоа не беше доволно па натпреварот мораше да биде прекинат 43 минути.

 

Се вчитува...