Циципас елиминиран, Рубљов е во полуфиналето

Андреј Рубљов е последниот полуфиналист на завршниот АТП-турнир во Торино, откако Русинот во драматичен дуел славеше над Циципас со 2-1 во сетови. Ова беше директна пресметка за второто место во групата, откако двајцата тенисери претходно го победија Медведев, а загубија од Ѓоковиќ, а Рубљов покажа поголема смиреност во клучните моменти од грчкиот ас, кој потклекна кога беше најважно.

Циципас тргна фуриозно и го доби првиот сет со 6-3, но Рубљов возврати со иста мерка, славејќи со 3-6 во вториот сет. Русинот потоа направи брејк и во решавачкиот сет, а Циципас целосно капитулираше кога направи две двојни сервис грешки во низа и загуби уште еден сервис, по што Рубљов славеше со конечни 6-2.

Рускиот тенисер за противник во полуфиналето ќе го има Каспер Руд, додека во втората полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат Ѓоковиќ и Фриц.

Се вчитува...