Циципас се извлече на стартот на Ролан Гарос

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се намачи на стартот на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Роланд Гарос, откако во првото коло славеше по пет сета над Италијанецот, Лоренцо Музети 3-2 (5-7, 4-6, 6-2, 6-3 и 6-2).

Италијанецот како и минатата година против Новак Ѓоковиќ, така и сега успеа како аутсајдер да ги освои првите два сета, но немаше сила за ништо повеќе.

Во второто коло минатогодишниот финалист ќе игра против квалификантот Зденек Колар од Чешка, кој во првото коло со (3-1) беше подобар од Лука Пуј.

Се вчитува...