Црн фудбалски ден за Манчестер: „Граѓаните“ на колена пред „волците“, Јунајтед со лекција од Кристал Палас (ВИДЕО)

Црн фудбалски ден за Манчестер, по поразите на Јунајтед и Сити во 7. коло од Премиерлигата.

Сити го доживеа првиот пораз сезонава, и тоа сосема неочекувано на гостувањето против Вулверхемптон со 2-1.

Диаз уште во првото полувреме си постигна автогол за водство на „волците“, а „граѓаните“ израмнија со голот на Алварез во 58. минута. Но, Вулверхемптон повторно дојде до предност за победа со голот на Хе-Чан во 66. минута.

Манчестер јунајтед, пак, загуби со 0-1 на „Олд Трафорд“ од Кристал Палас. Стрелец на голот за гостите беше Андерсен во 25. минута.

Па, Арсенал го искористи киксот на Манчестер сити, и со убедлива победа од 0-4 на гостувањето против Бурнмаут дојде сега на само еден бод од водечките „граѓани“.

ПРЕМИЕРЛИГА – 7. КОЛО

Бурнмаут – Арсенал 0-4

Евертон – Лутон 1-2

Манчестер ј. – Кристал Палас 0-1

Њукасл – Барнли 2-0

Вест Хем – Шефилд ј. 2-0

Вулверхемптон – Манчестер Сити 2-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...