Црна Гора ги загуби шансите за СП, Кејн го скрши отпорот на Словенија

Црна Гора ги загуби шансите за историски пласман на еден фудбалски мундијал откако оваа селекција вечерва на клучниот натпревар претрпе пораз на домашен терен од Данска со 0-1. Кристијан Ериксен во 16. минута ги доведе гостите во водство, а шансите на Црногорците за камбек се сведоа на теорија четири минути подоцна, откако поради повреда на мускулот теренот мораше да го напушти најдобриот фудбалер на оваа селекција, Стеван Јоветиќ. Домаќините се обидоа да сторат нешто повеќе, но не искористија неколку шанси и на крајот го загубија мечот, што значи и губење на сите шанси за едно од првите две места во групата.

Англија со многу мака успеа да ја совлада Словенија со 1-0, со погодокот што го постигна Хари Кејн во 93. минута на „Вембли“. На второто место во оваа група се искачи Шкотска, која со гол во 89. минута ја совлада Словачка со 1-0 (стрелец беше Мартин). Сепак, клучен во последното коло ќе биде дуелот меѓу Словенија и Шкотска, на кој дури и избраниците на Среќко Катанец имаат теоретски шанси да се искачат на второто место и да бидат дел од баражот.

Германија одигра како што му доликува на светсксиот првак, на гостински терен декласирајќи ја Северна Ирска со 1-3. Руди и Вагнер постигнаа евроголови уште по првите дваесет минути игра, во вториот дел на 0-3 зголеми Кимих, пред Магенис во судиското продолжение да ги постави конечните 1-3 во Белфаст.

ГРУПА Ц: Азербејџан – Чешка 1-2, Северна Ирска – Германија 0-3, Сан Марино – Норвешка 0-7.

Табела: Германија 27, Северна Ирска 19, Чешка 12, Норвешка 10, Азербејџан 10, Сан Марино 0.

ГРУПА Е: Црна Гора – Данска 0-1, Романија – Казахстан 3-1, Ерменија – Полска 1-6.

Табела: Полска 22, Данска 19, Црна Гора 16, Романија 12, Ерменија 6, Казахстан 2.

ГРУПА Ф: Англија – Словенија 1-0, Шкотска – Словачка 1-0, Малта – Литванија 1-1.

Табела: Англија 23, Шкотска 17, Словачка 15, Словенија 14, Литванија 6, Малта 1.

Се вчитува...