Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на „Трофеј Македонија“ откако вечерва загуби од Црна Гора со 23-29. По вчерашниот триумф над Србија, нашите ракометарки овојпат наидоа на поквалитетен ривал кој имаше контрола над играта и резултатот и стигна до заслужен триумф. Селекторот Марковиќ им даде шанса на речиси сите ракометарки, блесок во финишот имаше младата Беровиќ, а останува да жалиме за повредата што во финишот ја заработи Коларовска.
Црногорките покажаа цврстина во одбраната на стартот, а Макеоднија првите два гола ги постигна од крило преку Гугујанова, која одлично се снајде во ситуација кога бевме со играч помалку по исклучувањето на Сара Ристовска. Црна Гора сепак почна да доминира, набрзина поведе со 3-7, по што нашиот селектор беше принуден да побара тајмаут. Проблемите во нападот бра очигледни, па при 4-9 почнаввме со играта „седум на шест“ во нападот. Примивме неколку лесни гола во празна мрежа, но и изнудивме седмерци што ги реализираше Сара Ристовска, најблиску се приближивме на 8–11, но со голот од сопствената половина на Јауковиќ противникот сепак замина на одмор со убедливи 9-14.
Вториот дел го отворивме со три гола на искусната Јанеска, но квалитетот на противничките беше очигледен, па Црногорките во 40. минута имаа предност од 13-19. Селекторот Марковиќ зеде тајмаут при 16-21, но Црна Гора имаше одговор за сите наши обиди. Двајцата селектори направија бројни промени во составите во вториот дел, но Црна Гора беше селекцијата што делуваше подобро на теренот,

Финишот донесе и траорна атмосфера во салата, откако Коларовска по постигнувањето на прекрасен погодок заработи тешка повреда и со солзи го напушти терено во 54. минута. Завршните минути завршија во рутинска контрола на резултатот од селекцијата на Црна Гора, која заслужено го доби овој натпревар со конечните 23-29.
Сара Ристовска повторно беше најефикасна во нашиот табор со осум гола, четири постигна Јанеска, три Гугујанова, а восамиот финиш блесна и младата Беровиќ со три гола во завршните минути од натпреварот.
Нашите ракометарки утре во 19 часот ќе го играат послледниот меч од „Трофеј Македонија“, дуел во кој за противник ќе ја имаат селекцијата на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
