Црна Гора успеа да ги сопре Германците

Репрезентацијата на Црна Гора стигна до важна победа над Германија од 80-74 во квалификациите за Европското првенство 2022 година. Германците беа подобриот само во првите десет минути кои ги добија со 24-18. Од вториот период Црногорците заиграа далеку подобро и успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до конечен триумф од 80-74. Џастин Кобс со 20 поени и Никола Ивановиќ со 18 беа најдобрите поединци во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Робин Бензинг со 21 поен.

Во вториот меч од терминот од 21 часот Босна и Херцеговина беше убедлива против Бугарија со 88-49.

Се вчитува...