Црногорецот после девет години си заминува од Атлетико

Црногорскиот ветеран Стефан Савиќ, би можел да си замине од Атлетико Мадрид по завршувањето на сезоната, иако има договор со шпанскиот тим до 2025 година.

Стоперот е дел од Атлетико од 2015 година, односно девет години е дел од „црвено-белиот“ тим од Мадрид. Претходно играше за Фиорентина, Манчестер Сити и Партизан. Тој за Црна Гора има 73 настапи и постигнато девет гола. Играше и против Македонија на мартовската контролна средба во Анталија.

Според информациите, Савиќ веќе имал неколку понуди од Саудиска Арабија и од Турција, но и од неколку тимови од Серија „А“.

Се вчитува...