Црногорски голман убиен на тренинг

Стравична сцена на фудбалскиот терен во Котор ја шокира Црна Гора и целата спортска јавност. Црногорскиот голман, Горан Ленац (33) е застрелан во глава додека бил на тренинг.

Споре информациите објавени во црногорските медиуми, голманот тренирал на помошниот терен на второлигашот ФК  Бокељ кога од  непознати причини, му пристапил напаѓачот и му пукал во главата. Полицијата синоќа го блокирала Котор, а напаѓачот е во бекство.

Горан Ленац пред две години настапуваше за екипата на Бокељ во црногорската Прва лига. Голманот моментно бил без ангажман, а тренирал во клубот за да остане во форма. По инцидентот, Ленац бил пренесен во болница каде бил опериран и лекарите се бореле за неговиот живот, но голманот не ја издржал битката и им подлегнал на повредите.

Се вчитува...