Црногорците ќе го чекаат Борозан, го избришаа Ракчевиќ за ЕП

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ, го скрати поширокиот список за ЕП 2018, повикувајќи 20 ракометари кои ќе се најдат на подготовките за претстојниот европски шампионат. Ѓукиќ ги избрал истите 20 ракомеетари кои конкурираа за место во тимот на октомвриските контролни средби со Чешка, јасен доказ дека црногорскиот селектор нема да експериментира на ЕП во Хрватска.

Младен Ракчевиќ сепак нема да настапи на овој шампионат откако селекторот пред него им даде предност на Грбовиќ, Лазовиќ и на Симовиќ. Црногорскиот селектор не се откажува од Вуко Борозан, кој се најде на скратениот список иако воопшто нема да може да тренира во следниот период, поради повредите здобиени во сообраќајната несреќа во близина на Цетиње.

Борозан истакна дека очекува паузата да биде најмалку три седмици, што би значело дека тој практично без целосен тренинг би отпатувал за Хрватска, но јасна е желбата на Ѓукиќ до последно да го чека својот најдобар играч, чија помош ќе му биде неопходна доколку сака Црна Гора да се најде во следната фаза.

Само за потсетување, Црногорците ќе се сретнат со Македонија во рамките од второто коло во Загреб, меч закажан за 15 јануари.

СОСТАВ ЦРНА ГОРА:

ГОЛМАНИ: Раде Мијатовиќ (Брест Мешков), Небојша Симиќ (Мелсунген), Миле Мијушковиќ (Бенидорн).

ЛЕВИ КРИЛА: Милош Вујовиќ (Татабања), Игор Марковиќ (Комло)

ДЕСНИ КРИЛА: Марко Ласица (Темишвар), Мирко Радовиќ (Цеглед), Игор Радојевиќ (Естерхази).

ЛЕВИ БЕКОВИ: Вуко Борозан (Вардар), Васко Шеваљевиќ (Трембле), Милош Божовиќ (Татабања).

СРЕДНИ БЕКОВИ: Стеван Вујовиќ (Добродеа), Жарко Пејовиќ (Горење), Божо Анѓелиќ (Металург).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Стефан Чавор (Вецлар), Владан Липовина (Хутенберг), Иван Перишиќ (Цеглед).

ПИВОТИ: Немања Грбовиќ (Цеглед), Вук Лазовиќ (Дунареа, Небојша Симовиќ (Дабаш).

Се вчитува...