Шпанското фудбалско првенство продолжува во текот на викендот и покрај зголемувањето на бројот на играчи и вработени во клубовите заразени со коронавирус.
Според „Ројтерс“, досега потврдени се позитивните тестови кај 90 лица, а многу играчи ќе ги пропуштат натпреварите од 19. коло во Ла Лига, кои ќе се одиграат на 2 и 3 јануари 2022 година, како и претстојните натпревари од Куп на кралот следната недела. Шпанските гиганти Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид објавија уште неколку играчи заразени со Ковид-19 во последните два дена. Валенсија и Елче исто така пријавија нови инфецирани играчи.
Екипите на Валенсија и Еспањол утре ќе го отворат 19. коло од шампионатот. За недела на 2 јануари се планирани шест натпревари, а за понеделник на 3 јануари се закажани уште три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА