„Црвен аларм“ во Торино: Дибала го уценува Пирло и одбива да си замине од Јувентус

Пауло Дибала уште еднаш одби да го напушти Јувентус затоа што клубот не сака да му понуди нов подобар договор. Неговиот сегашен договор со Јувентус истекува во јуни 2022 година, а челниците на клубот му понудија договор од 10 милиони евра по сезона, што тој го одби.

Неговиот менаџер Хорхе Антун беше во Италија на преговори во октомври, но немаше договор. Сега е во Аргентина и чека подобрена понуда од Јувентус. Дибала на тој начин одбива да го напушти Јувентус ова лето без нов договор. Истото го стори летото 2019 година кога имаше можност да замине во Манчестер Јунајтед во замена за Ромелу Лукаку.

Секако, ова се големи проблеми за Андреа Пирло и Игор Тудор како главни луѓе кога станува збор за избор на кадар и хиерархија во тимот. Пред нив е тешка работа, во соработка со Павел Недвед како директор, да одговорат на овој потег на минатогодишниот МВП – играч на Јувентус, а италијанските медиуми пишуваат дека не е невозможно Дибала да заврши на трибините до крајот на сезона.

Се вчитува...