Црвена Звезда го чека, а Коларов размислува за пензија

Иако пред неколку дена излезе информација дека Александар Коларов би можел уште во јануари да стане дел од Црвена Звезда, сепак, тоа веројатно нема да се случи. Според италијанските медиуми, српскиот репрезентативец размислува да замине во пензија, а во мај би можел да замине на операција на грбот.

Со Интер има договор до крајот на сезоната, а Звезда беше подготвена да влезе во преговори да го земе уште во јануари, со оглед дека не е во комбинација за „нероазурите“. Одлуката ќе биде донесена во првиот месец од новата 2022 година.

Коларов во Интер стигна после три сезони минати во Рома, а во минатото играше и за Сити и Лацио.

Од почетокот на сезоната одигра само шест меча, а веќе месец и пол нема одиграно ниту една минута.

Се вчитува...