Црвена Звезда го потпиша и Џордан Лојд

Црвена Звезда продолжува да го засилува тимот за следната сезона, откако по центарот Лендри Ноко денеска договор со шампионот на АБА-лигата потпиша и Џордан Лојд.

Станува збор за 26-годишен Американец кој настапува како „комбо-бек“ и зад себе има одлична сезона во дресот на Валенсија. Лојд пред две сезони настапуваше за Торонто репторс, извесно време мина во развојниот тим на овој НБА-лигаш, по што реши да се пресели во Европа. Трансферот во Валенсија се покажа како полн погодок, тој имаше просек од 11,1 поен по натпревар во Евролигата, но сепак реши летово да ги промени клупските бои и да се пресели во Белград.

„Црвено-белите“ го доведоа Саша Обрадовиќ за нов тренер, а се очекува во најскоро време да биде комплетиран и трансферот на Кори Волден од Партизан.

Се вчитува...