Црвена Звезда казнета за непочитување на финансискиот фер-плеј

Казна од 50.000 евра за неисплатени побарувања. Ова е санкцијата што УЕФА и ја изрече на Црвена Звезда како дел од протоколот за почитување на финансискиот фер-плеј. Меѓу санкционираните се и Ордабаси и Олимпија.

Практично, Звезда ги исплатила побарувањата, но тоа го сторила надвор од предвидениот рок и затоа УЕФА реагира со казна. Шампионот на Србија беше дел од групната фаза во Лигата на шампионите, но не успеа да обезбеди европска пролет затоа што заврши на четвртото место на табелата.

Пред неколку дена, Црвена Звезда го именуваше Дејан Станковиќ на тренерската позиција.

Се вчитува...