Црвена звезда ќе презими во Европа

Србија ќе има две екипи во нокаут фазата од Лигата на Европа откако по Партизан место во 1/16 финалето обебеди и Црвена звезда, по вечерашниот триумф против Келн. Иако и реми беше доволно за „црвено-белите“ да презимат во Европа, српскиот вицепрвак одговори на предизвикот стигнувајќи до цел плен, со голот што во 21. минута го постигна Срниќ.

Во вториот натпревар од оваа група Арсенал го декласираше БАТЕ Борисов со 6-0. „Топчиите“ настапија со својот резервен тим, но сепак стигнаа до преубедлив триумф со головите на Дебуши, Волкот, Жиру, Велбек, Елнени и Полјаков (автогол).

Атлетик Билбао ја освои првата позиција во својата група по победата од 0-2 во Украина над Зорија, одмаздувајќи му се на овој противник за поразот на „Сан Мамеш“ во рамките од второто коло.

Последниот воз го фати и Олимпик Марсеј, кој дојде до посакуваниот бод на домашен терен против Салцбург, ремизирајќи 0-0 против шампионот на Австрија.

Група Г: Стеауа – Лугано 1-2, Хапоел – Плзењ 0-2.

Табела: Плзењ 12, Стеауа 10, Лугано 9, Хапоел 4.

Група Х: Црвена звезда – Келн 1-0, Арсенал – Бате Борисов 6-0.

Табела: Арсенал 13, Црвена звезда 9, Келн 6, БАТЕ Борисов 5.

Група И: Ол. Марсеј – Салцбург 0-0, Гимараеш – Коњаспор 1-1.

Табела: Салцбург 12, Марсеј 8, Коњаспор 6, Гимараеш 5.

Група Ј: Херта – Остерсунд 1-1, Зорија – Атлетик Б. 0-2.

Табела: Атлетик Б. 11, Остерсунд 11, Зорија 6, Херта 5.

Група К: Витесе – Ница 1-0, Цулте Варегем – Лацио 3-2.

Табела: Лацио 13, Ница 9, Цулте Варегем 7, Витесе 5.

Група Л: Вардар – Розенборг 1-1, Р. Сосиедад – Зенит 1-3.

Табела: Зенит 16, Р. Сосиедад 12, Розенборг 5, Вардар 1.

Се вчитува...