Црвена Звезда му нанесе „дебакл“ на Будуќност за пласман во финалето на АБА лига

Црвена Звезда се пласираше во финалето на АБА лигата, откако вечерва „црвено-белите“ издвоија убедлива победа во Подгорица во дуелот со Будуќност, и лесно се пласираа во финалниот меч. Иако се очекуваше посилен отпор од домашниот тим, сепак, се држеше само првата четвртина, а понатаму се беше доминација на Звезда за конечни 2-0 и пласман во финалето.

Будуќност првата четвртина ја доби со 26:25, и кога се очекуваше неизвесен натпревар, во втората целосен „дебакл“ на домашните. Звезда ја доби четвртината со 23:8, а катастрофата на Будуќност продолжи и во третиот период кој го загуби со 11-29, со што четвртиот период беше само за престиж.

Најефикасен беше Лука Митровиќ со 17 поени, а Петрушев уфрли 14 поени.

Звезда во финалето ќе го чека подобриот од дуелот Партизан – Цедевита Олимпија.

Се вчитува...