Црвена звезда на чекор до европска пролет

Фудбалерите на Црвена звезда се многу близу до остварување на пласман во 1/16 финалето од Лигата на Европа откако одиграа 0-0 на гостувањето против БАТЕ Борисов, останувајќи на второто место на табелата. „Црвено-белите“ одиграа уште еден одличен меч, создадоа неколку шанси, ја погодија и гредата преку Родиќ, но на крајот задоволни со бод си заминуваат од Белорусија, остануваји на табелата пред БАТЕ Борисов.

Црвена звезда сега има шест бода, исто колку и Келн, кој денеска неочекувано славеше над Арсенал со 1-0. „Црвено-белите“ во последното коло на домашен терен ќе го пречекаат Келн, а реми ќе им биде доволно за задржување на второто место, освен доколку БАТЕ како гостин не го совлада Арсенал, ситуација во која српскиот вицепрвак би морал да дојде до цел плен.

Атлетик Билбао ја совлада Херта со 3-2, а голот на Инаки Вилијамс во 83. минута му пресуди на берлинскиот бундеслигаш, кој на едно коло пред крајот ги загуби шансите за пласман во следната рунда.

ГРУПА Ф: Локомотив М. – Копенхаген 2-1.

ГРУПА Г: Лугано – Хапоел 1-0, Плзен – Стеауа 2-0.

ГРУПА Х: Келн – Арсенал 1-0, БАТЕ Борисов – Црвена звезда 0-0

ГРУПА И: Салцбург – Гимараеш 3-0, Коњаспор – Марсеј 1-1.

ГРУПА К: Лацио – Витесе 1-1, Ница – Цулте Варегем 3-1.

Се вчитува...