Црвена Звезда поради Златан еден натпревар без публика

Европската куќа на фудбалот УЕФА, донесе одлука по повод инцидентот на првиот натпревар од шеснаесеттина финалето во Лигата на Европа, меѓу Црвена Звезда и Милан во Белград кога беше навредуван Златан Ибрахимовиќ.

Белграѓани ќе добијат еден натпревар без публика по завршувањето на пандемијата од коронавирусот и враќањето на навивачите на трибините. Покрај забраната за публика на еден натпревар „црвено-белите“ добија и казна од 30 илјади евра. Сепак, од Звезда треба да бидат среќни што поминаа со мала казна, но и да му заблагодарат на Ибрахимовиќ кој не сакаше да покрене приватна тужба против српскиот шампион.

Се вчитува...